Владата денеска го утврди текстот на предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.
Со законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациска сигурност и нуклеарна безбедност.
Во предлог-законот се предвидува како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да се утврди Институтот за јавно здравје како најстручна и најсоодветна институција во оваа област.