Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека не може да соопшти оти земјата ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни и порача дека политичарите во Северна Македонија треба да покажат единство.
-Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни. Тоа е одлука на земјите членки. Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите. Прво да се почнат преговорите, а второ да се оди напред во преговорите. Ова го потврдија сите партламентарни партии и тоа се очекува од вас и граѓаните- рече Жбогар.
Тој додаде дека ЕУ во моментов се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор.
-Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината- додаде Жбогар.