Од сабота попладне и во текот на ноќта кон недела под влијание на влажен бран во Македонија се очекуваат повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Во недела во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а нови врнежи се најавуваат во текот на ноќта кон понеделник, кога поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места и од дожд и од снег.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека на планините ќе се формира нова снежна покривка.