Владата на денешната седница ја утврди потребата од потпишување на Договор за воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.
– Електронскиот систем за поднесување пријави, претставки и предлози ќе овозможи граѓаните и правните лица во секое време да пријават сомнежи за корупција во органи на државната управа, како и да пријават проблеми во постапки за добивање определена услуга – наведуваат од владината прес-служба.
Системот е предвидено да се имплементира како посебен модул во рамките на Националниот портал за електронски услуги, преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за било која услуга, институција, како најавени корисници, анонимно и со можност за евидентирање на пријавата и преку телефон.