Неколку десетици граѓани вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија во знак на протест за да го изразат својот став за бојкот на референдумот на 30 септември.
Присутните рекоа дека се собрале спонтано пред Собранието, и оти зад нив не стои организатор.
Пред Собранието се забележува засилено полициско присуство.
Од движењето „Бојкотирам“ претходно на социјалните мрежи соопштија дека се откажува протестот пред Собрание. Од таму тврдат дека тие не стојат зад најавата на протестот, туку дека бил закажан, како што велат, од инфилтрирани „служби на хунтата“.