Во Грција од утрово се влегува само преку граничниот премин Евзони, откако Грција синоќа на полноќ ги затвори Меџитлија и Стар Дојран за секаков вид сообраќај.
Од МВР информираа дека затворањето е поради новите протоколи на грчката влада за рестриктивни мерки за ковид-19 и ќе трае до 4-ти август.
– Сите патнички и товарни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони – велат од МВР.