Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК, предмет на проверка се анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО.
Како што се наведува во соопштението, во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибавила податоци од Министерството за финансии од кои констатирала дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за тоа, по надминување на вредност од 20 просечни плати, не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.
Антикорупциската комисија по завршувањето на денешната седница информира дека продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава, со наводи за сомневање за незаконски постапувања на поглаварот на Исламската верска заедница.