Фото: З.А.

Кичевските пензионери кои имаат платено до пет рати за огревно дрво, преостанатиот дел од долгот ќе го плаќаат по повисока цена за 20 проценти.

Тоа е одлуката што ја донесе дирекцијата на ЈП „Македонски шуми“, а тоа значи дека во наредната сезона ,цените на огревното дрво на рати ќе бидат далеку повисоки.

-Деновиве од ЈП „Македонски шуми“ до нашето Здружение пристигна официјална информација дека оние пензионери кои досега имаат платено до 5 рати за огревно дрво, преостанатиот долг ќе ги чини за 20 проценти повеќе а оние пензионери кои досега исплатиле 6 рати за нив оваа одредба не важи и тие преостанатите две рати ќе ги платат по иста цена, поточно за кубик дабово дрво ќе платат по 2.600 денари, додека за бука 2550 денари.Новите цени на огревното дрво сигурно ќе ги засегнат пензионерите со пониски пензии, бидејќи порастот на животните трошоци во голема мера ја загрозува нивната егзистенција. По оваа информација повеќе од јасно е дека за наредната година кичевските пензионери дрвата на рати ќе ги плаќаат по многу повисоки цени, што значи и секоја рата ќе има далеку повисок износ – информираа од Здружението на пензионери во Кичево.

Инаку во Кичево околу 200 пензионери просечно запишуваат дрва на осум еднакви рати.

З.А.