Земјотрес во јужниот дел на Охридското Езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 2.41 часот ноќеска, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.