Основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната и од утре се на тринеделен зимски распуст. Предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, според календарот на Министерството за образование и наука (МОН).
Засега не е планирано одложување на второто полугодие бидејќи надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.
Ресорната министерка Мила Царовска во повеќе наврати информираше дека процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а процентот на активни случаи со ковид-19 кај учениците со физичко присуство, во првото полугодие не надминал 0,3, според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта.