Затворениците и раководството на затворот „Скопје“ во Шутка, организираа крводарителска акција за настраданите во Украина.
Директорот на затворот Филип Андов истакна дека имало заинтересираност за учество во акцијата. Според него, над 50 затвореници досега дарувале крв во знак на солидарност.
– Над педесет единици крв се дарувани до овој момент, односно над 50 затвореници се приклучија во акцијата. Меѓу нив има и осуденици кои издржуваат затворска казна. Акцијата е на доброволна база. За истата е известена и украинската амбасада – вели Андов.
Акцијата е организирана во координација со Црвениот крст на Македонија, а присутен бил и директорот за извршување санкции, Маријан Спасовски како и директорот на Клиниката за трансфузиологија, Седула Усеини.