Фотографијата Замрзнато езерце на авторката Менка Трајкоска-Екхард е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
Фотографијата го претставува замрзнатото езерце се наоѓа во познатиот парк со илјада рододендрони – Регионален домен Солвеј – Замокот де ла Улп – во Белгија, сместен на југоисток од Брисел, кој е дел од големата шума Суањ.
– На фотографијата се гледа замрзнатото езерце на -10 степени, и високите скали, обиколени од секоја страна со високи стари елки, џиновска секоја и рододендрони, кои цветаат на пролет. Горе има прекрасна катедрална букова шума, видиковец, масиви од рододендрони и азалии, се слушаат песни од разни птици, но е забрането да се излегува од патеките за да не им сметаме на разните животни кои живеат во шумата – вели авторката во описот на фотографијата
Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.
































