Заматена е водата за пиење во градскиот вововод во Кавадарци поради обилните дождови на изворите Лукар, информираат од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”. Оттаму нагласуваат дека водата за пиење, потребно е да се преврива пред консумирање.
– Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата – додаваат од комуналното претпријатие.
Синоќа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев потсетија дека два дена Тиквешијата беше зафатена од обилни врнежи, а најголема количина е регистрирана на мерните станици во селото Раец од 145 литри на метар квадратен, што предизвика излевање на Раечка река и поплавување на голем дел од земјоделските површини во атарот на Раец и селото Дреново.
– Се апелира до населението да не се движи во близина на речното корито во тој предел, бидејќи водостојот на реката е се уште голем и водата од земјоделските површини не е повлечена – известија од кабинетот на Јанчев.