Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Скопје. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да ги исполни обврските, изјави за БНТ пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Захариева појасни дека овие наводи не се нејзини, туку се изнесени лично од актуелната министерка Генчовска.
-Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став – рече Екатерина Захариева.
Според поранешната министерка, потребно е „Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став по прашањето за С. Македонија“.
-Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на РСМ. Не треба да личиме на ситен историски реваншист, а тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутно лажното читање на историјата, проблемот е што се создава омраза кон соседна земја и земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век не почитува основни човекови права – рече Захариева.
Поранешната шефица на бугарската дипломатија додава дека Софија направила апсолутно се што е можно во однос на спорот со Скопје.