Припадници на украинската Меѓународна легија во Северодонецк/Фото: Принт-скрин

Вкупно 90 македонски државјани се пријавиле да се борат на страната на Украина, при што 30-мина од нив се убиени, соопшти руското Министерство за надворешни работи, објавувајќи податоци за бројот на странски платеници во непријателските редови од почетокот на војната.

– Од 24 февруари 2022 година, 13.387 странски платеници кои се борат за неонацистите пристигнаа во Украина. До денес, елиминирани се 5.962 од нив – објави руското МНР.

Најмногу платеници се од Полска (2.960), а потоа следуваат САД (1.113), Грузија (1.042) и Канада (1.005), според табелата објавена од руското МНР.