Фото: Нова Македонија

Задолжително носење маски во здравствените установи, оваа препорака ја донела Комисијата за зазарни болести по денешниот состанок, информираше портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ.

На состанокот се дискутирало за состојбата со коронавирусот во земјава а била донесена препораката за задолжително носење на маските во здравствените установи.

Ова, како што вели Мехмедовиќ, е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на инфекција со ковид-19.

Препораката, како што информира ќе биде доставена до Министерството за здравство и ресорниот министер.

Во однос на целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментов во државата има доволно вакцини и лекови кои што можат да бидат на располагање.

Информира дека засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби а околу носењето на маски во аптеките, Мехмедовиќ појаснува дека во тие објекти, препораките се неформални.

Според портпаролот на комисијата, во државата има мал број на случаи на заразени со ковид-19. Сепак истакна дека не може лесно да се собере материјалот кој треба да се обработи.