Во Собранието денеска продолжi 81 седницата, на чиј дневен ред единствена точка е владината Информација за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, предложена од француското претседателство. За збор се пријавени вкупно 42 пратеника. Седницата, исто како и вчера продолжува со скандирања и свирежи.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат да свират со вувузели кога нивните колеги од СДСМ ќе почнат да зборуваат на собраниската говорница, а неретко аплаудират на сопартијците.
Опозицијата е на став дека Собранието непотребно се вмешува, оти Владата ја носи одлуката за прифаќање или не на француски предлог. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја кинат информацијата и ја фрлаат пред собраниската говорница.
Седницата може да се следи во живо на јутјуб каналот на Собранието.
Пред Собранието денеска повторно се собрани граѓани кои протестираат против прифаќањето на францускиот предлог.
Пред и околу собраниската зграда присутно е полициско обезбедување, а улицата пред Собранието е затворена за сообраќај.