Фото: Пиксабеј

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До средината на следната седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време потоа дневната температура ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, пренесе МИА.

Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 km/h. Во петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.