Фото: принтскрин

По скандалот со тик-ток анестезиолог, министерот за здравство Фатмир Меџити го менува економскиот директор во тетовската болница.

Утврдено било дека во болницата воопшто немало формирана дисциплинска комисија, па затоа останале несаканционирани и наводите, дека истиот доктор одел на работа дури и под дејство на наркотици, за кои слушнал и Меџити.

Се уште не е познато кој ќе биде новиот економски директор на тетовската болница

За тоа дека економските директори и сега не се знае зошто постојат во болниците, Меџити вели дека законите наложувале да ги има, но најави дека Клиничките болници ќе се спојуваат, па освен што нема да има двојни директори во јавните здравствени институции, планот му е да се постави само еден генерален, на сите Клиники, како што беше порано.

Одговарајќи на новинарски прашања Министерот кажа дека се уште не го добил обдукцискиот извештај за случајот со малата Јана што почина по примање на инфузија во битолската болница, а во однос на починатото новороденче во истата Клиника, стручната комисија што работи на утврдување на пропусти во медицинскиот третман, се уште не си ја завршила работата.