По вечерашното извлекување на броевите од последното коло на Лотарија на Македонија, засега непознат добитник, за погодени седум броеви ќе добие 500.000 евра.
Интересно е е што на уплатно место на кое е уплатено среќното ливче во последниве три години уплатено е и лото-ливче со рекордна добивка од 200.000 евра, потоа среќен жител на Кичево на грепка изгреба двособен стан, а лани, исто така на грепка среќен кичевчанец доби автомобил. Ова е четврта рекордна награда од истото уплатно место „Детелинка“, што можеби ќе го промени животот на засега непознатиот добитник.
И покрај нашиот обид да дознаеме кој е добитникот, неговиот идентитет уште не му беше познат ниту на работениот во ова уплатно место.