Нашинците од соседството и од светот
Подготви: Далибор Станковиќ
Во Соровичево (Аминтео), Република Грција, се одржа собир на кој се пeеја македонски песни и се играа македонски ора. И покрај обидите за спречување на настанот од страна на одредени националшовинистички групации, народниот собир се одржа со огромен успех и со импресивно учество на младите.
– Заканите и пријавите не уплашија никого. Напротив, ја зајакнаа решеноста на македонскиот народ, кој даде силно присуство. Кога се обидоа да ја прекинат музиката, луѓето продолжија сами да пеат и да играат, а оркестарот повторно започна да свири. Одговорот беше колективен, горд и непоколеблив. Тоа беше чиста победа против нетолеранцијата и длабоката држава. Македонците покажаа дека не се плашат и нема да молчат! Горе главата, македонски народни собири насекаде – вели Сотирис Минас, афирматор на македонскиот јазик и книжевност во Република Грција.