Арсовска да си поднесе оставка бидејќи „е неспособна и ги измами гласачите“, побара ВМРО-ДПМНЕ.
-Арсовска да си поднесе оставка затоа што ги измами гласачите и свесно го уништува Скопје. Арсовска да си поднесе оставка затоа што покажува неспособност.
Во криза парите на скопјани ги троши на анкети. Додека Градот должи 1 милион евра на ЈП „Улици и патишта“, Арсовска фрла десетици илјади евра на себе промоција платена со парите на скопјани. Арсовска да си поднесе оставка бидејќи молчи за долгот на Клинички центар кон ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, во висина од 2 милиони евра, само поради коалицијата која ја има со СДС. Еден месец по разидинувањето на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска Градот е пред банкрот, гледаме матни зделки на Арсовска и директорите поставени од нејзе, а предлог на СДС. Арсовска да си поднесе оставка зошто нема кредибилитет. Таа ја напушти програмата и ветувањата со кои дојде на власт и е на пат да стане полош градоначалник и од Петре Шилегов. Скопје не смее да тоне заради неспособноста и криминалот на Арсовска. Затоа да си поднесе оставка веднаш – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.