ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Собранието ќе поднесе декларација да се зацврсти темелот за ликот и делото на Гоце Делчев, истакна лидерот нa партијата, Христијан Мицкоски, во рамките на одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на македонскиот деец. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ очекува од сите политички партии, без разлика дали се парламентарни или се надвор од парламентот, да ја поддржат.
Тој рече дека одбележувањето на годишнината поминало како во тајност, без протоколи или некој да знае што се случува.
– Како делегација на највисоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ, денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски деец Ѓорѓи Делчев, кој оставил голема трага за нас Македонците, за Македонија. Со неговото дело и неговата борба за независна суверена македонска држава во срцето на Балканот нѐ задолжил да ја чуваме, негуваме и развиваме за генерациите по нас да се сеќаваат на неговото големо дело и за Македонија и за македонскиот народ од чија нераскинлива алка е овој човек – рече Мицкоски.