Фото: ДЗС

Пилотот на полицискиот хеликоптер неверојатно прецизно го спушта леталото над коритото нa реката Вардар, во близина на мостот „Обединети Нации“ и полни вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце.

Нашата камера го сними во 18:12 часот во скопската населба Влае. Хеликоптерот прецизно се спушташе над Вардар, токму наспроти амфитеатарот до мостот „Газела“.

Снимка од вештите маневри на пилотот заради полнење на противпожарните контејнери со вода испратија и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Видео: ДЗС

-Хеликоптер на МВР, тип Bell412EP (рег.ознака Z3-HHF) со DART (систем за гасење на пожари) во работа на реонот на Блаце. Полнење вода од Вардар – велат од ДЗС.