На денешен ден во 1963 година излезе првиот број на дневниот весник „Вечер“.
Првично, весникот имаше карактер на дневен магазин со нагласено почитување на кратки текстови, фотографии и хумористичен дел, придржувајќи се до стандардите за професионално известување и информирање на читателите. Тој остана релевантен фактор во медиумскиот простор во земјава, но и во регионот.
Редакцијата на „Нова Македонија“ им го честита роденденот на колегите од „Вечер“.
Драги колеги, нека ви е честит роденденот со желба за безброј страници за вистината, фактите и јавниот интерес на граѓаните и нацијата.
Вашиот и наш медиум „Вечер“ и вашиот и наш медиум „Нова Македонија“, како весници со најголема традиција, најважни за историјата на Македонија, заеднички да да го осветлуваат патот кон просперитетот и благосостојбата на граѓаните.
Од редакцијата на „Нова Македонија“