Љупчо Коцарев/Фото: Маја Јаневска-Илиева

Кој е македонскиот наратив, македонската национална приказна и како македонскиот наратив се менуваше од 1945 година до денес, посебно во последните пет години? Кој е македонскиот наратив за византискиот и средновековниот период? Одговорот на овие прашања, според мое мислење, барем во делот на градење/зачувување на македонската национална свест, го претставува едниот од двата круцијални предуслови за опстојување на државата Македонија. Вториот предуслов е деполитизација на институциите и овозможување економски развој на државата Македонија.