Доаѓањето на печалбарите од Кичево и Кичевско во текот на летото, значеше и организирање на голем број на свадби и сунет-свадби и во овие четириесетина дена во оваа регија ќе се направат над 500 свадбени веселби.
Печалбарите тежнеат нивната свадба по многу нешта да биде единствена и за истата да се прикажува до наредното лето, кој жени син или прави сунет-свадба.
Покрај раскошот што ќе го приредат во хотелот, печалбарите имаат желба невестата и зетот да ги видат што поголем број граѓани присутни на улица.
-Има семејства кои за свадби изнајмуваат специјални долги автомобили, скапи возила со подвижен кров, спортски или класични,има парови кои ја предводат свадбата на мотоцикл,слетуваат од воздух со хеликоптер, како што беше случај пред две години или со парадно возење се движат со фијакери и уште многу новини внесуваат во свадбените веселби и се трудат да бидат единствени и запаметени по уникатноста на својата свадба – вели Џевдет Далипи, менаџер на повеќе ресторани во градот.
З.А.