Умре жирафата Каспер во скопската Зоолошка градина. Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година.
-Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен жител. Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет – информираат од ЗОО.
Зоолошката сега останува со една жирафа.
Каспер не беше само миленик на децата и на вработените, туку и на светската јавност. Многу светски медиуми ги објавуваа фотографиите на Горан Анастасовски со неа.