Во центарот на Прилеп 1.200 ученици го формираа македонското знаме, симболот на љубовта, единството и гордоста кон татковината.
Овој впечатлив настан е дел од богатата програма со која Прилеп го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, празник кој е длабоко врежан во нашето историско и општествено битие.
Учениците, наставниците и училиштата, со својата енергија и посветеност придонесоа да продолжи традицијата за формирање на знамето и зачувавање на љубовта кон татковината од најмлада возраст, велат од општина Прилеп.

Вечерва, во очи на празникот ќе се реализираат бројни активности во градот. Од 18.30 часот ќе има отворање на изложба на дела од ДЛУП во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“, посета на Меморијалниот музеј 11 – ти Октомври, пригодна културно уметничка програма, огномет, а потоа на плоштадот Александрија ќе следи настапот на Влатко Лозановски.
Утре, пак, на 11 Октомври, ќе има полгање на цвеќиња на спомен обележјата на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски – Питу и на Могилата на непобедените, а потоа во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи централната, односно владината прослава за празникот. Ка.М.