Фото: Стојан Савески

Фотографијата Убавина што не заморува на авторот Стојан Савески е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.

-Различни агли на погледи кон една иста убавина. Над локалитетот Горица 1 воздушните летала прават свртување, заминуваат од историскиот град Охрид и ги враќаат посетителите кон нивните почетни дестинации. Долу пак, други посетители се рекреатираат на блиските туристички локалитети и уживаат во неповторливите глетки на Охридското Езеро. Воздишки кон убавината што не заморува. И од небо, и на земја – вели Савески.

Фото: Стојан Савески

Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.


📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.