Од вечерва и во наредните седум дена на градскиот плоштад во Кичево, во вечерните часови ќе се одржува третиот Божиќен базар. За овој базар подготовките се целосно завршени, обезбедени се доволни количества на храна и пијалоци, а договорено е и учество на пејачи и музички групи, обезбеден малиот воз за прошетка на дечињата и се што е неопходно базарот да биде успешен.
-За потребите на овој базар обезбедени се поголем број дрвени куќички каде посетителите ќе можат да се услужат со топла ракија, варено вино а и да вкусат разни специјалитети. Во текот на овој базар ќе ќе настапат поголем број локални пеачи како Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески и поголем број музички состави. Исто така за време на овој базар на градскиот плоштад ќе се претстават и фолклорни ансамбли од градот. Цената на пијалоците и храната ќе биде пониска и прифатлива за сите оние кои ќе го посетат овој базар – истакнаа од здружението Божиќен базар, кои и покрај студеното време очекуваат базарот да биде солидно посетен од граѓаните на Кичево.
Од здружението наведуваат дека од хуманитарната акција што беше организирана претходните денови кога беа собрани над 150 новогодишни пакетчиња, тие ќе им бидат подарени на најмладите жители на градот кои ќе го посетат Базарот. З.А.