Фото: З.А.

Како и претходните години така и годинава кога во земјава на годишен одмор доаѓаат печалбарите кои работат и живеат во западноевропските земји или преку океанот, градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари ја организира традиционалната средба со печалбарите , која наместо како претходните години во ресторан, се случи на отворено пред платото на мултимедијалниот центар на Китиното кале.

Фото: З.А.

Дехари ги запозна печалбарите со проектите кои се во фаза на реализација и кои во значителна мерка ќе ги подобрат условите за живот во градот и селата.Се наврати на колекторскиот систем кој се гради во северната регија и по чија изградба фекалните отпадни води ќе се спроведуваат во пречистителната станица изградена пред четири години во Кичево.Исто така ги запозна со сите инфраструктурни проекти кои се во фаза на реализација,од изградба на градскиот плоштад до зафати во патната инфраструктура во градот и селата и решавање на проблемот со одлагање на комуналниот отпад..

-Со оваа средба сакам од прва рака печалбарите од нашиот регион да се запознаат со сите проекти кои ги реализираме .Ги посочивме сите теренски активности кои мометално се реализираат во нашата општина и кои ќе бидат завршени во текот на овој мандат или во наредните три години – истакна Дехари.

Од страна на печалбарите се иницира потребата од изградба на нова современа приватна болница каква што му недостига на овој регион.

На средбата присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши кој ги запозна печалбарите со активноститет на Владата и пред се со напорите што ги чини за влез на земјава во ЕУ .

З.А.