Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина, на која беше потпишан протокол  за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, информира владината прес-служба.

-Со ова направен е уште еден значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop,“ кој ќе овозможи побрз, поедноставен и поефикасен проток на патници и стоки. Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји – истакнал министерот Тошковски.

Министерот Тошковски во рамките на седницата имал можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговарало за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини