Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев и на својот фејсбук профил искажа почит кон македонскиот револуционер.
Како што наведува Тошковски, Делчев е дел од сѐ што Македонија претставува денес: борба, надеж и достоинство.
– Денеска одбележуваме 122 години од смртта на Гоце Делчев, еден од најзначајните херои во историјата на Македонија – личност која со својата храброст, визија и пожртвуваност го обележа патот кон слободата. На 4 мај 1903 година, Македонија го изгуби великанот, но доби вечен симбол на отпорот и саможртвата. Тој е дел од сè што Македонија претставува денес: борба, надеж и достоинство. Македонија секогаш ќе ги памети оние кои својот живот го внеле во темелите на нејзината независност. Нека делото на најголемиот македонски великан нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела. Вечна слава и благодарност – истакнува министерот.