Спасувачки тим од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар попладнево на Осоговските Планини спасија повреден планинар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека спасувачката акција е реализирана околу 17 часот откако во попладневните часови било пријавено дека планинарот се здобил со повреди и не можел да се движи.
– Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош – се наведува во соопштението од МВР.