Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=9
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата 13/30 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.