Најмалку седум милиони луѓе годишно умираат од загадениот воздух
Околу 99 отсто од светската популација дише воздух што ги надминува границите за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација, а луѓето во земјите со низок и среден приход се најмногу изложени на загадување, покажува најновата база на податоци на агенцијата на ОН.
Извештајот на агенцијата вклучува податоци за загадувачите на воздухот, како што се честичките и азот диоксид – кои се наоѓаат во емисиите на фосилни горива и се виновни за некои респираторни и срцеви заболувања – помеѓу 2010 и 2019 година и опфаќа повеќе од 6.000 градови во 117 земји.
Најмалку седум милиони луѓе годишно умираат од загадениот воздух.
– Нивоата на мали и опасни честички во воздухот во регионите на Африка и Западниот Пацифик биле речиси осум пати повисоки од упатствата на агенцијата, додека најниски нивоа се забележани во Европа-соопшти СЗО.
Во 117 земји каде што беше следен квалитетот на воздухот, помалку од еден процент од градовите во земјите со низок и среден приход ги исполнуваат праговите за загадување препорачани од СЗО.
Спротивно на тоа, само 17 отсто од градовите во земјите со високи приходи се под насоките за квалитетот на воздухот на СЗО.