Судскиот совет денеска ја одржа 463. Седница на која беа разгледани повеќе точки, меѓу кои и точката за избор на нови претседатели во пет основни судови.
Судскиот совет го определи судијата Бесник Авдија за претседател на Основен граѓански суд Скопје, кој бил единствен пријавен кандидат на огласот. За претседател на Основен суд Неготино беше избрана судијката Билјана Толова, исто така единствен кандидат.
За претседател на Основен суд Кичево Советот го определи судијата Футурије Дервиши, еден од тројцата кандидати пријавени на огласот заедно со Амдије Зенгул и Билјана Кижевска.
Во Основен суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат и со 12 гласа „за“ во Основиниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев.
На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и определување на ВД претседатели на Виш Управен суд, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Кичево и Основен суд Неготино, како и одлука за утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.