Фото: ГАК

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), денес на барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити, формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје.

Родилката на 39 години во неделата вечерта скокна од прозор, а претходно два пати по породувањето се пожалила на вознемиреност.

-Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од Министерство за здравство има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ – информираат од министерството.

ДСЗИ заклучи дека од извршениот надзор на ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани.

-Во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ЈЗУ УК ГАК спроведување на постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија – се вели во информацијата од инспекторатот.