Денеска во Битола, почнаа градежните работи за рехабилитација на коловозот на улиците „Бранислав Нушиќ“ и „Христо Узунов“.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на активностите  каде со месното население разговараше за динамиката на реализација на проектите за рехабилитација, со кои овие улици ќе добијат нов коловоз во должина од над 500 метри. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 2.681.632 денари.

М.М.