Фото: Твитер/Стејт департмент

Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман, Џејмс Рубин, ќе дојде во посета на Скопје идната недела, соопшти Стејт департментот, а пренесе „Гласот на Америка“.

Тој од 10 до 14 април ќе ги посети и Тирана и Подгорица на балканската турнеја, во рамки на која ќе се сретне со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформациите.

Предвидено е Рубин да разговара за напорите на малигни актери кои користат дезинформации за да ги подријат демократијата и националната безбедност, како и за колективното спротивставување на заканите во информативниот простор.

За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан.