Невреме на Халкидики ја отежнува спасувачката акција за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин кој во саботата попладне исчезна во водите на Егејското Море кај Посиди на Халкидики. Двајцата негови другари, Васил и Иван, се веќе пронајдени и се надвор од животна опасност.
Денеска на Халкиди се очекува да пристигне и семејството на Мартин од САД, јавуваат грчките медиуми.
Продолжува потрагата и спасувачката акција по третиот Македонец на Халкидики
Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта. Спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата.
Утринава од македонското Министерство за надворешни работи информираа дека потрагата по Мартин продолжува.
Вториот пронајден македонски турист се спасил со тоа што држел топка што ја нашол во морето