Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“, пишува српски „Блиц“.
Така е решен спорот, кој датира од 1967 година, кога Македонската православна црква се одвои од СПЦ.
Пред ваквата одлука на Саборот на СПЦ, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.
Дваесет години подоцна, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација.