Ви ниту една институција на државата, особено не во институциите кои се дел од критичната инфраструктура во државата, а М-НАВ е институција во кој се изведуваат специфични и специјални задачи и таму е потребно внимание и концентрираност во нивните задaчи и надлежност, ваков тип на инцидент е недозволив. Таквите појави и однесувања на вработените и реакциите на синдикатите покажаа дека со таа институција недоволно добро се менаџирало и се раководело, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска одговарајќи на прашањето како ги коментира последните случувања во М-НАВ.
Компромис со работи кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните, но и на оние луѓе ширум светот, не смее да има, порача таа.
Запрашана како ја коментира одлуката на судот, Петровска рече дека лично таа не се сложува со истата.
И мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката, не сакам да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, но мислам дека целата оваа ситуација треба посериозно да ја сфатат, ќе имаат дополнително време.
Прашана за реакциите од страна на НАТО, Петровска потврди дека од таму биле поставувани прашања за тоа што се случува, но дека официјална реакција барем до МО, како што рече, засега нема.
– Но секој вид на комуникација ние го сметаме за се разбира можеби не загриженост, но заинтересираност за тоа што се случува и тоа е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден на аеродромот во Скопје слетаа два авиони од НАТО земји членки – информираше Петровска.
Владата, како што рече, го заврши својот дел од задачата, ги разреши директорите за кои што сметаше дека недоволно добро менаџирале со институцијата.
– Сега ги повикуваме, во интерес на граѓаните, и другите институции да го завршат професионално својот дел од задачата – истакна Петровска.
Таа упати апел до синдикатот на М-НАВ и до сите други синдикати.
– Да се трудиме за решавање на проблемите без притоа да ги политизираме прашањата. Политичките партии и движењата да не влијаат и да не ги злоупотребуваат синдикатите – порача Петровска.