Возач во Тетово повредил малолетник и го напуштил местото на настанот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 14,35 часот е пријавено дека на ул. „Благоја Тоска“, се случила сообраќајна несреќа во која автомобил го удрил Е. Д. (17) од селото Бродец-тетовско по што возачот го напуштил местото на настанот.
-Момчето е пренесено во Клинички центар Тетово каде му се констатирана тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата работи на расчистување на случајот-пишува во билтенот од МВР.