Апелираме до сите граѓани корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска, велат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
– Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот – се наведува во јавниот апел на претпријатието, од каде што очекуваат тој да биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје.