Црвен крст на Град Скопје, во соработка со македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин и неговата мироносна мисија „Цвеќето на мирот“, утре организира хуманитарна изложба во Градскиот парк по повод „Неделата на старите лица“.
Хуманитарната изложба ќе трае од 10 до 14 часот, ќе биде поставена кај мостот после „Луна паркот“ а собраните средства ќе се поделат по домовите за стари лица во Скопје.