Во скопската Зоолошка градина за првпат ќе живеат алпаки. Три алпаки и две двогрби камили вчера во Скопје пристигнаа од Чешка и веќе се приспособуваат на новиот дом.
Алпаките се јужноамерикански животни. Живеат на Андите во Чиле, Перу и Боливија и се прилагодени и на високи и на ниски температури. Тие се вистинска атракција во сите зоолошки градини во светот.
Пристигнатите камили се двогрби, од расата бактриан.