Според анализите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), 2018 година е најбезбедна година во изминативе 10 години. Плановите во организацијата за 2019 година ќе целат кон спроведување проекти со кои ќе се зголемуваат едукацијата и свеста кај граѓаните и ќе бидат понасочени кон децата и младата популација, но и кон моторџиите, кои претставуваат ранливи групи во сообраќајот.
– Во 2017 година има нешто повеќе од 150 жртви од сообраќајни несреќи. За 2018 година се завршува со бројка, која е помала за 20 проценти од претходната – вели Стојче Стаменковски, претседателот на РСБСП.
На годинашното излагање на РСБСП беше констатирано дека до крајот на годинава нема да се надмине бројката од 130 жртви. Тие податоци укажуваат дека 2018 година претставува најбезбедна година според бројот на жртвите. Споредбено со 2014 година има намалување за половина од бројот на жртвите од сообраќајни несреќи.