Учениците од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ заедно со градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ, ги засадија своите први растенија во новата ботаничка градина во дворот на училиштето. Пластеникот, или таканаречената ботаничката градина, на училиштето ќе му служи и како база за добивање расад од растенија, кои подоцна ќе се искористат за хортикултурното уредување на дворот.
– Ботаничката градина е проект на група родители од основното училиште, „Заедно се грижиме за нашата средина“, а е поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија. Со реализацијата на овој проект, децата уште од најмала возраст ќе се учат за придобивките од зеленилото, екологијата и развивањето на свеста за здравата животна средина – информираат од општината Центар.